После неколку години работење без фирма, во 1989 година ми се роди идејата да основам приватна фирма која ќе се занимава со одржување и сервисирање на разладни системи.
Моите почетоци беа сервисирање на уредите за ладење во домаќинството како и статичните комори за ладење, односно индустриските ладилници.
Во 1993 година за прв пат нé посетија високи претставници од Carrier Франција и тогашниот претставник на Carrier во Бугарија. Причината за нивната посета беше големата побарувачка на резервни делови од Carrier за потребите на сервис МАНИ. Тоа претставуваше прв таков сервис за сервисирање на транспортни ладилни системи отворен во Македонија.
Во 1995 година се ориентиравме само кон поправка на транспортни разладни уреди. Од тогаш па до денес нашата компанија има постигнато високи цели во работењето. Од тројца вработени во 1995 година, денес нашата фирма брои 35 вработени, од кои 20 се квалификувани сервисери кои имаат повеќе дипломи од земјата и странство, за нивното познавање во областа на механиката и ладењето во транспортот.
Да им овозможиме на нашите клиенти сигурни, ефикасни и долготрајни решенија за транспортно ладење, преку врвна опрема на Carrier Transicold, стручно сервисирање и достапни резервни делови. Со повеќе од три децении искуство и тим од високо квалификувани сервисери, ние се посветуваме на максимално задоволство на клиентите, континуирано усовршување и иновативен пристап во одржувањето на разладните системи.
Да станеме препознатлив лидер во Југоисточна Европа за транспортно ладење, познат по квалитет, иновативност и доверба. Ние гледаме кон иднината каде што трајните и еколошки прифатливи технологии ќе го трансформираат бизнисот со разладни системи, а МАНИ ДООЕЛ ќе биде првиот избор на клиентите кои бараат комплетна поддршка – од избор на опрема до техничка експертиза и одржување.